Во Словенија од вчера веќе не може да се купи вињетка и да се залепи на ветробранското стакло, како начин на плаќање патарина.
Од 1 февруари во Словенија важат само е-вињетки, што значи дека за плаќање патарина сега треба да се посети интернет страницата dars.si и таму да се купи неделна, месечна или годишна виетка.
Купувањето се одвива во неколку чекори, а во прашалникот треба да се внесат бројот и земјата на регистарските ознаки и адресата за е-пошта, на која ќе биде испратена потврдата за плаќање. Купената вињетка е поврзана со регистрацијата на возилото и не може да се пренесе.
Секоја хартиена вињетка купена пред 1 февруари важи до истекот на рокот.
Цената на вињетката не е променета – годишната чини 110 евра, месечната 30 евра, а неделата 15.
Новина е што годишната е-вињетка сега важи една година од датумот на купување, а не, како досега, до крајот на календарската година во која е купена. Во Словенија може да се вози со е-вињета на сите автопати и обиколници.
избор: vecer.press