Дали сакате да комуницирате со луѓе од различни култури и нации, да соработувате со клиенти и колеги од целиот свет и подготвени сте да растете? Аплицирајте и станете дел од тимот на Envision
Лоцирани во срцето на Скопје, нашата приказна започнува пред 4 години со мал тим кој продолжи да расте и се проширува. Денес канцеларијата на Envision брои над 150 задоволни вработени, со кои сплотено се движиме кон освојување на македонскиот пазар како еден од најдобрите работодавци во регионот.
Грижата за луѓето е во срцето на сè што правиме. Имаме речиси 5.000 колеги, лоцирани во 15 земји, фокусирани на помагање на нашите клиенти да добијат најдобар квалитет за вредноста. Ние сме аутсорсинг компанија подготвена да обезбеди бројни деловни решенија за потребите на нашите клиенти ширум светот.
Како што расте бројот на нашите клиенти, ја прошируваме и нашата канцеларија, за уште 150 вработени, што главно ќе се фокусираме на земјите од англиско говорно подрачје, балканските земји и Турција. Единственото нешто што треба да го имате за да се приклучите на нашиот тим, освен јазичните вештини, е подготвеност да комуницирате со луѓе од различни култури и нации, да соработувате со клиенти и колеги од целиот свет и подготвеност да растете.
Доколку се пронајдовте во описот прочитајте го целосниот оглас во прилог и аплицирајте! Бараме ПРЕТСТАВНИЦИ ЗА МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА кои зборуваат турски/српско-хрватски јазик. Компанијата нуди:
- почетна плата од 500 евра
- приватно здравствено осигурување
- слободни викенди
- платени спортски активности
- многу други бенефиции
Ги покануваме сите заинтересирани кандидати да аплицираат на hr.envision.macedonia@gmail.com