Што мислите за донесување на ваква одлука?
По големиот процент на целосно имунизирани кои ја изгубија битката со болеста и статистиката за стотина реинфекции дневно, дали задолжителните сертификати неопходни за влез во ресторан и молови ја изгубија важноста?
Барањето за нивно укинување сепак ќе се најде на дневен ред на Комисијата за заразни болести и професор Петличковски во Трилинг најави дека не ја исклучува можноста членовите да донесат ваква препорака.
– Една темелна анализа што би биле придобивките а што загубата од нивно укинување секако ќе се разгвоара а дали ќе биде за една недела или по еден месец треба да се дефинира врз основа на убави темелни анализи, изјави проф. Александар Петличковски, претседател на Комисија за заразни болести.
Според Петличковски сертификатите во земјата беа воведени со цел да биде зголемен процентот на имунизирани, имајќи во предвид дека Македонија е земја со многу ниска стапка на имунизирани.
Вели на почетокот целта и била остварена бидејќи тогаш на дневно ниво имало најмногу посети во пунктовите за имунизација. Но сега кога и прележани и имунизирани добиваат позитивни тестови а нема и соодветна контрола за проверка на овие документи, не постои реална основа од нивна примена.
Истото претходно го бараа и други експерти според кои сертификатот значел принудно имунизирање.