Во ДС Смит секој ја добива својата шанса за кариерен развој. Сите што сакаат да станат дел од нашиот тим ги поканувам да се придружат на нашето ДС Смит семејство и да очекуваат топло добредојде. Ќе наидат на поддршка и внимание и од колегите и од претпоставените.
Александар Трпевски работи на позицијата Раководител на дизајн во компанијата DS Smith. Со него поразговаравме за неговата работна позиција, за работните обврски, за тимот и компанијата DS Smith како работодавач:
- Задачата на оваа позиција и на тимот кој го водам е внимателно да го анализираме секое ново барање за картонска амбалажа од нашите купувачи и истото, низ низа развојни процеси, да го прилагодиме и испорачаме на најоптимален можен начин до крајните корисници. Оваа наша заедничка цел подразбира секојдневни редовни состаноци и координација со колегите од секторот Продажба и Производство, со нашите купувачи. Секако секојдневна комуникација со колегите од тимот на Дизајн, делегирање секојдневни задачи, организирање или обезбедување соодветни технички обуки за нив, водење и поддршка низ процесот на развој на нов производ, водење грижа дека процесите кои сме ги утврдиле се почитуваат и дека истите вродуваат со плод.
- Работењето во сектор дизајн подразбира голема креативност, ние создаваме производ за нашите купувачи по нивна мерка, она што навистина им треба. Секако целта е да добијат најдобар квалитет, намалени трошоци и одредена предност пред нивната конкуренција. Секој ден е нов предизвик, исполнет со тимско работење, делење на совети, креативност и дизајнирање.
- Она што е исто така важно е додадената вредност која ја создаваме за нашите купувачи преку едукација каква амбалажа навистина им е потребна за нивниот производ.
- Огромна предност е да се работи во ДС Смит, во која како дел од групација имаме голема можност да споделиме добри практики, да исконтактираме со колеги, да научиме нови работи и да добиеме совети од нивните искуства.
Вашата компанија е лидер во обезбедување иновативни решенија за пакување со особена посветеност на одржливост и циркуларна економија. Како го постигнувате и одржувате тоа?
- Ова го постигнуваме преку новитетот кој DS Smith го лансира на пазарот, нашите Circular Design Metrics. Тоа се всушност 8 индикатори кои нам и на купувачите ни даваат увид во генерираниот CO2 низ целиот процес на изработка/транспорт, оптималното искористување на ресурсите, оптимизација на материјалот потребен за изработка на пакувањето, типот на искористениот материјал итн.
- Бидејќи нашата компанија обезбедува амбалажа за најразлични гранки од индустријата, се случува да понекогаш со соочиме со барање или потреба за Multi-material решенија кои вклучуваат повеќе функционални или заштитни елементи од пакувањето и кои не секогаш се одржливи за циркуларната економија. Токму ова беше предмет на развој минатата година – транзиција на сите такви неодржливи решенија во одржливи и 100% рециклирачки решенија во нашето портфолио.
- Ова е секако дел од нашата стратегија за одржливост во која имаме поставено амбициозни цели и таргети, кон кои неуморно се стремиме да ги исполниме. Друг таргет на кој во меѓувреме работиме е до крајот на 2025 да ги отпимизираме пакувањата за сите производи во нашата компанија односно заедно со нашите купувачи истите да ги димензионираме прецизно, според дадените потреби и со користење минимум материјал и ресурси, како кај нас, така и во нивните синџири.
DS Smith нуди решенија за пакувања кои опслужуваат различни сегменти и индустрии и имате долга листа на клиенти, но кои од нив би ги издвоиле? На кој ваш проект сте посебно горди?
- Во прехрамбената индустија како и FMCG индустријата работиме речиси со сите наши познати брендови од кои би ги издвоил: Свислион, Витаминка, Виталиа, Пекабеско, Пивара АД Скопје, Вива Сокови, Фруктал, Битолска Млекара итн. Присутни сме и во Industrial сегментот, а како наши купувачи се јавуваат: Костал, Аптив, АРЦ Аутомотив, Адиент, Гентерм, Леар итн. Особено горди сме на сите проекти во кои генерираме заштеди за нашите купувачи, низ решенија со кои сме ги изменаџирале ризиците во нивните процеси и сме ги намалиле вкупните трошоци за пакување.
- Во овие соработки доаѓа до израз креативноста и едукативниот дел, се со цел намалување на трошоци и добивање на висококвалитетен производ. Ние се фокусираме да ги разбереме потребите на нашите клиенти, кои се нивните барања и на крај да создадеме производ со кој ќе бидат задоволни. Она што ни е фокус е пратнерски однос со нашите клиенти со цел долгорочна соработка, како што имаме и со повеќето од нив.
Неодамна учествувавте во проект во соработка со Европскиот институт за иновации и технологија (EIT) и Факултетот за земјоделски науки и храна. Фокусот на овој проект беше да се изнајдат алтернативни еколошки решенија за пакување храна, а вие бевте директно вклучени. Кажете ни нешто повеќе за ова?
- Да, тоа беше навистина интересно и несекојдневно искуство бидејќи самиот концепт на проектот налагаше креирање на пакување од страна на самите крајни потрошувачи. Наша задача како компанија беше идејните решенија осмислени од три различни репрезентативни целни групи, да ги преточиме во реални, физички изводливи решенија, и истите ги презентираме пред сите учесници во проектот. Се работеше мини Feasability од која произлегоа еколошки решенија кои исфрлаат премногу непотребна пластика при пакување храна за достава до дома.
- Со овој проект помагаме до подигнување на свеста за создавање на пакување кое ќе ја замени пластиката. Ова е дел и од нашата стратегија за одржливост. Сведоци сме дека испораката на храна се врши најчесто во пластична или алуминиумска амбалажа, па затоа целта беше создавање на пакување од картонска амбалажа кое ќе ја замени пластичната и алуминиумската амбалажа.
- Особено сме горди што што бевме високо оценети на овој проект и што понудивме еко пакување за достава на храна.
Кажете ни нешто повеќе за компанијата DS Smith како работодавач? Како DS Smith се грижи за своите вработени?
- Излез од својата комфор зона е најтешкиот, но истовремено и нераскинлив дел од било која производна и динамична средина.
- За среќа, поддршката од своите претпоставени, отвореноста кон нови идеи и предлози, инвестирање во обуки од најразличен карактер, се најсилните адути кои DS Smith ги практикува и без кои тешко би можела било која компанија да очекува резултати од своите вработени. Речиси секојдневна размена на знаења со колегите од DS Smith од останатите држави од регионот, достапност на know-how на различни теми се исто така од голема важност при градењето на нашите кадри.
- Морам да напоменам дека секојдневието е различно и динамично, но имаме прекрасна тимска атмосфера. Комуникацијата со колегите и со претпоставените е на високо ниво, но воедно и лесна затоа што имаме отворен и пријателски пристап. Секако сме ориентирани кон остварување на резултати, но дружбата и поддршката од колегите се секогаш присутни.
- Да се работи во ДС Смитх, значи да се работи со професионалци. Секој ја добива својата шанса за кариерен развој. Како што напоменав имаме најразлични типови на обуки, како и online платформа за обука што значеше брзо прилагодување на новата нормала во пандемиските услови. Тука се и програмите за развој, со цел подигнување на мотивацијата на вработените. Најважно е дека се почитуваме и подржуваме во нашето работење.
Што би им порачале на кандидатите кои сакаат да станат дел од тимот на DS Smith?
- Би ги поканил да се придружат на нашето ДС Смит семејство и да очекуваат топло добредојде.
- Ќе наидат на поддршка и внимание и од колегите и од претпоставените, се со цел остварување на успех и за двете страни. Компанијата развива прилагодена обука за секој нов вработен што ќе му биде од помош за да се вклопи брзо. Да очекуваат и да бидат подготвени за предизвици, имаат многу да научат и ќе можат секако да напредуваат доколку тоа го сакаат. Јас почнав во компанијата пред 5 години на позиција Специјалист за дизајн, дојдов од сосема друга бранша, но мојата посветеност, поддршката од колегите и претпоставените, обуките на локално и на регинално ниво ми помогнаа да се развијам професионално и да веќе 2 години работам на позицијата Раководител на дизајн.
- Ве охрабрувам да аплицирате, да дојдете да бидете дел од нашата компанија доколку сакате да научите нешто повеќе, да работите во динамична атмосфера и секако со можност за напредување.
Стани дел од тимот на DS Smith!
Во моментов бараме:
АПЛИЦИРАЈТЕ!