Дозволете ни да споделиме неколку причини ЗОШТО тоа е добра идеја
Scandiweb e интернационална компанија од IT индустријата која работи во полето на Е-трговијата, со глобални брендови – и има постојана потреба од девелопери во својот тим.
Сакаш да работиш како Developer? Ако си заинтересиран да станеш Developer, еве неколку причини зошто да го започнеш твоето патешествие со нас!
Основно знаење е доволно, за почеток
За позицијата Developer, Scandiweb нуди можности за континуиран раст, на пример, од Trainee до Junior, потоа до Mid-Senior до Senior. Како прв чекор, важно е да го положите тестот. Што значи тоа? Прво, подготвеност за учење, второ - за веб-девелоперите, се очекува да имаат барем основни познавања за PHP, SASS, CSS, MySQL, OOP и jQuery. Додека пак, за девелоперите на React - React.js, GraphQL, CSS и JS.
Се чувствувате како сè уште да не можете да ги исполните сите барања? Доколку сте доволно самоуверени и сигурни дека можете да го поминете тестот, ве охрабруваме да пробате! На пример, некои од нашите колеги кои се со нас со години, го завршија тестот без претходно знаење и учеа додека ги работеа задачите за тестот.
Откако ќе го завршите тестот, во процесот на евалуација, не само што го проверуваме вашето знаење, туку ги оценуваме и нашите образовни ресурси за вас. "Што значи тоа?" - слушаме како се прашувате. Тоа значи дека ако сме задоволни со вашиот резултат од тестот, но гледаме некои „дупки“ во вашиот начин на работа, подготвуваме соодветен образовен курс - Moodle што ќе ги зајакне вашите вештини, ќе ги развие вашите знаења и начинот на работа и ќе ви помогне да стекнете успешно искуство како developer.
Веруваме во едукација
Дали знаете која е најдобрата алатка за зголемување на вашата вредност на пазарот на трудот? Континуирана едукација. Ние силно веруваме во развивањето на квалификациите, сертификацијата и искуството на нашите девелопери преку различни проекти и технолошка инфраструктура. Некои од нашите клиенти бараат одредени типови на сертифицирани девелопери и ние настојуваме да го исполниме тоа барање. Најдобриот дел е што сите страни имаат бенефит од тоа - клиентот, Scandiweb и девелоперот.
Отворени сме за покривање и на различни курсеви – јазик/ци или курсеви за некои вештини. Ако избраниот курс ќе обезбеди раст кај нашите вработени, тоа е сè што е важно.
Зборувајќи за добро искуство, ние исто така гарантираме дека нашите девелопери работат со најсовремени алатки. За нас, важно е да обезбедиме прецизни и олеснети алатки за одржување на големи проекти за брендови, како што се Puma, Land Rover, airBaltic, L'Oreal и други.
Се чувствувате посамоуверени? Напредокот е загарантиран
Како што ја започнувате кариерата како девелопер кај нас, особено ако започнувате на ниво на Junior, првите месеци се посветени на образованието, стабилизацијата на начинот на работење и учењето од упатствата и предлозите од Senior колегите.
Откако ќе бидете целосно интегрирани и нема да ви треба дополнителна помош од вашите ментори, подготвени сте да влезете во некој проект како независен девелопер! Ова е делот каде што почнувате да стекнувате сопствено искуство, да учите нови начини за извршување на задачите и најмногу да учите за себе како девелопер.
Секогаш кога ќе се подобрите и ќе растете, ние го следиме вашиот успех. Ние се грижиме нашите девелопери да се чувствуваат вреднувани и финансиски ценети!
Можете да работите од било каде
Ние сме интернационална компанија од Латвија која вработува во 30 различни земји. нашите луѓе не се приморани да работат од локалните канцеларии - наместо тоа, нудиме работа на далечина. Дали тоа значи дека треба да бидете само дома за да ги завршите задачите? Не, можете да работите од каде било, доколку имате стабилна интернет конекција и лаптоп. Ако имате потешкотии со потребниот хардвер, можеме да ви обезбедиме поддршка.
За да ја задржиме заедницата на Scandiweb блиску, во сите застапени земји, нудиме онлајн настани. Неодамна имавме глобален настан наречен ScandiwebTV кој ги вклучи сите сектори и неколку проекти за создавање содржини долги пет часа. Се забавувавме заедно без разлика на локацијата.
Ние не сме традиционална компанија - затоа, даваме се од себе да создадеме најдобра работна средина за сите вработени ширум светот, вклучувајќи ги и девелоперите.
Македонија - дали сте подготвени да се приклучите на нашиот тим? Затоа што ние сме подготвени за вас! Аплицирајте за некоја од позициите: