Современиот начин на живот бара многу енергија, а најголемиот дел од таа енергија се вложува во исполнувањето на повеќе задачи во текот на денот. Денешните обврски не можат да се споредат со оние пред неколку години. Сега ви пристигнуваат мејлови, телефонот постојано ѕвони, работите во бучава и затоа мора да го откриете лимитот на оптоварување кој може да го поднесе вашиот мозок.
„Нашиот мозок последниве години се навикна на пречките предизвикани од дигиталната средина, во која е тешко да се фокусирате на само една работа“ – вели Дејвид Рок, основач на институтот Neuroleadership.
Кога ќе земете се во предвид, навистина е за пофалба човечката вештина да се прават повеќе работи истовремено, но тоа не значи дека истата е корисна.
„Ваквата вештина ја намалува интелигенцијата преку буквално намалување на IQ-то. Тогаш правиме грешки, ја губиме темата од фокус кога не треба и погрешно ги изговараме зборовите. Од друга страна, кога правите повеќе работи одеднаш чувствувате задоволство како награда. Тоа е добро чувство и тешко е да му се одолее“ – додава Рок.
Тогаш што е потребно за да направите за подобар фокус и концентрација? Рок вели дека нема потреба да бидете фокусирани по цел ден, напротив, но воедно на мозокот му е потребно дневно да биде по 20 минути целосно фокусиран, концентриран и ништо да не му пречи за да ја доживее потребната трансформација.
Еве кои три техники ги предлага Рок.
1. Креативна работа
Обично изутрина сите ги решаваме едноставните работи, па како минува денот се префрламе на потешките. Всушност, треба да го правиме обратното и прво да се фокусираме на потешките задачи, а денот да го завршиме со ситниците. Почнете го денот со работи кои бараат креативност и концентрација, а денот завршете го со бришење непотребни работи од компјутерот.
2. Време
Истражувањата велат дека просечен човек неделно целосно е фокусиран само шест часа и затоа е важно што ќе направите за тоа време. Некои луѓе се подобро фокусирани изутрина, некои пак малку подоцна. Научете се себеси кога имате подобар фокус и тогаш завршувајте ги најтешките задачи.
3. Тренинг
Вашиот мозок брзо учи како да извршува повеќе задачи дневно и тоа станува навика, што не е добро ни за интелигенцијата, ниту за продуктивноста. Тренирајте го мозокот да биде продуктивен. Исклучете ги останатите фактори и почнете со пет минутен фокус на една задача. Една по една и ќе видите како со време ќе забележите дека сте многу повеќе продуктивни.