Месо има во доволни количини и засега нема да има промена на цената, соопштија производителите по денешната средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на која е договорено да се донесат две нови интервентни мерки за поддршка на свињарството.
Дополнителна поддршка од 1.500 денари за гоеници над 90 килограми предадени во преработувачки капацитети во периодот од феврурари до април и нова субвенција од 3.000 денари за маторица во категоризирани фарми, се двете нови мерки. Со нив, се дава дополнителен стимул за развој на свињарството.
Во однос на втората нова мерка, договорено е воведување на субвенција од 3.000 денари по маторица за категоризирани фарми.
Корисници на оваа подмерка се сточарите кои ги исполнуваат условите за биосигурност од низок и среден ризик согласно регистарот на одгледувалишта по категорија во кој одгледувалиштата се класифицирани согласно утврден степен на ризик кој го следи АХВ, рече министерот.
извор: vesnik.com