“Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Декември 2021 година оствари нето-добивка на износ од 52.034 илјади денари.
Остварените единечни вкупни приходи за 2021 година изнесуваат 3.048.395 илјади денари и во споредба со остварените во 2020 година бележат пораст од 18 %. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2020 година за извештајниот период бележат пораст од 18%.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.