Вредните раце на Трајанка Толева, Бети Миновска, Виолета Спировска и Сибел Селимовска, кои посветено работат на хортикултурно уредување и машинско чистење со цел разубавување на градот, значат многу за нашето Скопје.
Ова го порачуваат од Град Скопје кои под мотот „Да ги срушиме стереотипите“ ги промовираат жените со нетипични професии.
Во Скопје има храбри, силни и вредни жени кои ги рушат родовите стереотипи, а со својата работа придонесуваат за поубав град.
Сите овие жени со години работат во ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје и како што велат, тоа го прават со љубов!
-Им благодариме на трудот, вредни, посветени и позитивни, да ги почитуваме! - порачаа од градот!
извор: skopjeinfo.mk