Србија ги укинува сертификатите и изолацијата за контакт со заболен поради подобрената епидемиолошка состојба
Седницата на Кризниот штаб за борба против корона вирусот се одржа денеска во 16 часот. Министерката Дарија Кисиќ по седницата се обрати и ги соопшти новите мерки кои се договорени на седницата на Штабот.
Севкупната епидемиолошка состојба е подобра, што доведе до одлука за ублажување на мерките. Новите мерки вклучуваат укинување на пропусниците за ковид, што ќе стапи на сила од сабота, а исто така ја задржуваме препораката за носење маски во затворени простории. Се укинува и лимитирањето на бројот на посетители во кината и театрите, што значи дека тие ќе можат да работат нормално од сабота. Изолацијата ќе трае 7 дена или подолго доколку болеста е со потешка клиничка слика“, рече министерката Кисиќ.
„Иако ковид пропусниците беа воведени да важат само од 20 часот, а да не важат 24 часа како што баравме претходно, тоа воопшто не се почитуваше. Ќе го укинеме и карантинот за контакти на заразени, што значи за здрави кои биле во контакт со заболен, но не и изолацијата за ковид-позитивните, таа останува седум дена“, изјави проф. Тиодоровиќ.