Можеби ви звучи малку нелогично, но ова е навистина најбрзиот начин со кој ќе добиете совршени коцки мраз. Дознајте зошто.
Кога го правиме мразот, обично сите ставаме ладна вода од чешма во садот за коцки мраз, па го ставаме во замрзнувач и чекаме со часови за да добиеме совршени коцки мраз.
Меѓутоа, пред околу половина век, еден студент од Танзанија докажал дека тоа е погрешно, односно, дека би требало да користиме врела вода, бидејќи така мразот побрзо ќе се стегне и побрзо ќе биде готов за да ви го разлади пијалакот.
Овој феномен стана познат како „Мпемба ефект“, а го доби името според својот творец Ераст Мпемба кој во 1969 година, откако забележал дека врелиот сладолед побрзо се замрзнува од ладниот, објавил стручен труд на оваа тема.
Никој не е во состојба да објасни зошто врелата вода побрзо замрзнува од ладната, но постојат неколку теории.
Едни тврдат дека работата е во тоа што топлата вода побрзо испарува, па со самото тоа и се намалува волуменот и побрзо се создава мразот.
Според едно друго објаснување, кога се користи ладна вода, на површината од течноста се создава слој кој се однесува како изолатор, па поради тоа водата поспоро замрзнува.
Затоа, следниот пат кога ќе посакате да испиете некој ладен напиток, пробајте го „Мпемба“ методот и садот наполнете го со топла вода.
Можеби не би било паметно водата да биде премногу врела или зовриена, бидејќи може да му се наштети на електромоторот од фрижидерот.