ТОКИО – Компанија во Јапонија одлучила да им даде на непушачите подолг годишен одмор за шест дена
Со тоа компанијата, како што се објаснува, сака да го изедначи работното време на пушачите и непушачите, бидејќи пушачите поминуваат многу време во текот на работниот ден пушејќи.
Со оглед на тоа што пушењето е забрането во сите компании, вработените мораат да одморат, што им овозможува подолги паузи од непушачите, пренесува Танјуг.
Затоа јапонската компанија Piala Inc одлучила да го продолжи одморот и на непушачите, откако еден непушач се пожали дека паузите негативно влијаат на продуктивноста и не се фер кон другите вработени.
„Промената во политиката за одмор, според која непушачите ќе добијат шест дена повеќе одмор, треба да ги поттикне нашите вработени да се откажат од цигарите“, изјави Хиротака Мацушима, портпарол на компанијата.
Како што пишува британски „Телеграф“, оваа мерка е веќе на сила и четворица од 42 вработени кои пушат веќе решиле да ги остават цигарите во корист на дополнителните шест слободни дена.