Le Lignon е најголемиот станбен комплекс во Швајцарија и еден од најголемите во светот, а поради неговата големина некои го сметаат град во мало
Ле Лињон се простира на 10 илјади квадратни метри и се наоѓа на местото на поранешна фарма во Верние во предградието на Женева. Комплексот се состои од три големи згради кои имаат 2780 станови во кои живеат седум илјади луѓе.
Името го добила по истоимената река и се состои од два облакодери и зграда долга речиси километар која има од 12 до 18 ката.
Покрај становите, во склоп на комплексот има и основно училиште, медицински центар, црква, продавници, ресторани, пошта, простор за спорт и рекреација со базен и подземни гаражи. Затоа некои го нарекуваат мал град, а многу негови жители никогаш не го напуштаат комплексот бидејќи има се` што им треба.
Комплексот бил изграден помеѓу 1963 и 1971 година за да го реши проблемот со недостиг на простор за живеење што го имала Швајцарија во 1960-тите и 1970-тите години, а бил дизајниран од архитектите Џорџ Адор, Доминик Жулиар, Луис Пајо и Жак Болигер.
Ле Лињон има густина на население споредлива со онаа на Менхетен во Њујорк.