Владата на Холандија ги повика граѓаните да го намалат греењето на своите домови со цел да се намали зависноста на нацијата од руските енергенси.
Со владина одлука, греењето во државните институции се намалува за два степени целзиусови како начин да се намали потрошувачката на енергија.
Владата објави дека сака да даде добар пример, објави холандската новинска агенција АНП.
„Нашите сметки за енергија растат, треба да станеме помалку зависни од рускиот гас и сакаме да се бориме против климатските промени“,се вели во повкот на владата до нацијата да воведе мерки за заштеда на енергија. Во огласите во весниците и преку онлајн кампања, граѓаните се повикуваат да го постават греењето во домовите на максимални 19 степени Целзиусови. „Носете топла јакна или џемпер, чорапи и влечки. Ако останете дома, можеби термостатот може да се намали за еден степен“ – се препорачува во кампањата.