
Виз Ер планира во текот на следниот период да започне да лета од Скопје до Марибор, поврзувајќи ги Македонија и Словенија со директна линија. Директната линија се воведува повторно по затворањето Адрија Ервејс во 2019 година.
Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи и администрација на Словенија најавил дека линијата ќе биде промовирана наскоро, бидејќи Виз Ер сакаат во Марибор да биде стациониран авионот кој претходно беше во Украина. Словенскиот министер за инфраструктура и урбанизам потврди дека имало разговори со Визер за воведување на линијата Скопје - Марибор, но истакна дека наскоро треба да се постигне конечен договор.
Пред неколку денови, Виз Ер која е најбрзорастечката авиокомпанија во Европа, најави постепено повторно отворање на 7 линии и воведување на 2 нови линии од Скопје и Охрид до дестинации во 7 земји, почнувајќи од март и мај. Новите линии се однесуваат на Лутон кој ќе биде поврзан со Охрид и втората линија е Скопје - Малта.
извор: skopjeinfo.mk