Доколку сте студент на Машински факултет, сакате да бидете дел од DS Smith Graduate програмата и да имате можност да се обучувате и работите во некоја од компаниите нa DS Smith во 13 земји низ Европа, ова е можноста за вас!
Ќе се чувствувате како да припаѓате во DS Smith уште од првиот ден
DS Smith има развиено две или тригодишни програми за студенти од Машински факултет кои ќе ви дадат целосен увид во нивниот бизнис, ќе ви овозможат алатки кои ќе ви помогнат да се развиете и да станете иден DS Smith лидер!
Имате можност да се придружите во нивното седиште во Велика Британија или во 12 други земји (Македонија, Франција, Германија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија, Унгарија, Романија, Хрватска, Бугарија и Грција) низ Европа, со целосни програми кои ви даваат шанса да го искусите животот на локациите на DS Smith во различни земји.
На која локација и да се придружите, ќе ви биде доделен ментор, кој ќе биде ваша поддршка за времетраење на програмата, ќе добиете првокласна обука и ќе имате можност сè што сте научиле да примените во пракса.
Поради природата на програмите на DS Smith, ќе треба да бидете целосно флексибилни во однос на земјата во која работите и можеби ќе има потреба да се префрлите на друга локација или земја во текот на вашата програма.
Потребни квалификации за да станете дел од DS Smith Graduate програмата
Од кандидатите се бара минимум:
- Диплома во рамките на инженерството (електро, машински, хемиски или од инженери друга област) или дипломирање пред септември 2022 година.
- Познавање на англиски јазик и јазикот на земјата во која аплицирате.
- Да имате соодветно право да работите во земјата во која аплицирате.
- Бидете целосно флексибилни и географски мобилни.
Придобивки
- Конкурентна плата.
- Низа други бенефиции во зависност од земјата во која аплицирате.
Koи програми ги нуди DS Smith?
За 2022 година, DS Smith нуди програми во следните дисциплини:
- Продажба и маркетинг
- Операции (Инженеринг и синџир на снабдување)
- Набавка
- Рециклирање (Business Development and Account Management)
- Извори на хартија
- Човечки ресурси
- Финансии
- ИТ
На избраните апликанти ќе им биде понудено место во програмата и ќе започнат со работа на 5 септември 2022 година.
Кликнете за сите детали за Graduate програмата
Запознајте ги вашите идни колеги од претходните DS Smith Graduate програми
Целиот оглас е на ЛИНКОТ - АПЛИЦИРАЈТЕ