Фондација ХОРИЗОНТИ, е микрокредитна организација која повеќе од 20 години обезбедува пристап до финансиски средства до микропретприемачите, индивидуални земјоделци и друго население со ниски приходи. Во моментот брои околу 45 вработени и има опслужени преку 20,000 клиенти. Во рамки на долгорочните деловни планови и систематизацијата на работните места се формира сектор за правни работи и усогласување со законитоста, при што има потреба од вработување на:
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРАВНИ РАБОТИ И УСОГЛАСУВАЊЕ СО ПРОПИСИТЕ
(LEGAL & COMPLIANCE OFFICER)
Сите детали се на линкот
Што нудиме:
- Работно време од понеделник до петок од 8:00 – 16:00ч.
- Вработување е на определено време, првите 6 месеци, со намера за трансформација во неопределено врз основа на оценката на кандидатот и успешноста во реализацијата на работните задачи за време на пробниот период;
- Дополнителни обуки и можности за стручно усовршување и професионален напредок;
- Пријатна тимска работна атмосфера;