
На синоќешната 64. седница, Владата го усвои правилниците со кои стартува примената на мерките за третиот столб од Планот за економски раст.
Како што соопштија на владината прес-служба, правилниците се однесуваат на следните четири мерки: Финансиска поддршка на мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст (“Газели“), посебна финансиска поддршка за микро претпријатија, финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за подобрување на иновативноста, како и за финансиска поддршка за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица.
Воедно, ќе биде формирана и работна група за следење на реализацијата на мерките од третиот столб од Планот за економски раст, составена од Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за економија, Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на северо-западна Македонија.