Што поскоро укинување на мерките коишто се сè уште на важност за влез во државата
Пандемијата стивнува и треба да се следи примерот на голем број земји кои веќе ги укинаа рестриктивните мерки на граничните премини.
„Што поскоро укинување на мерките коишто се сè уште на важност за влез во државата. Сè уште на важност имаме мерки комплетна вакцинација, ПЦР тест или антиген тест што негативно влијае за да имаме што повеќе гости“, вели Јаким Маленко тур-оператор.
Укинувањето на протоколите ќе има двоен импакт врз туризмот, ќе придонесе за туристичко раздвижување и поголеми приходи во најпогодениот сектор од пандемијата.
„Затоа што, нашите државјани кои сакаат да патуваат во странство при враќање им треба доказ за вакцинација или тест, гостите и странските туристи кога доаѓаат повторно треба тест, така што укинувањето е приоритет што мора итно да се направи и да имаме што повеќе гости“, додава Маленко.
Пред неколку денови Комисијата за заразни болести препорача укинување на потврдата за вакцинација за влез во земјава. Предлогот треба да го одобри Владата.