Денеска се испорачани првите количини масло за јадење од Србија, а веќе утре треба да се најдат во маркетите, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Доколку има потреба, додаде Николовски, покрај предвидените два милиони литри масло за јадење што Србија ги одобри за извоз во Македонија, ќе се бара увоз на дополнителни количини масло оттаму и, како што рече, очекува српските власти да го одобрат тоа.
Но, министерот не кажа дека Србија пуштила за извоз само рафинирано масло во пакување од 1 литар кое доаѓа со нивни бренд, а македонските цистерни празни се вратиле во земјава.
Нерфинираното масло кое македонските производители го имаат договорено и го чекаат со недели и натаму го нема.
Влада минатата недела даде препорака маркетите самите да одлучат колку шишиња зејтин максимално може да продадат на еден купувач.
А ако не се почитува ова, Владата на седница ќе донесе одлука со која ќе ги ограничи количините. Ваквата препорака дојде откако било регистриранои дека некои граѓани купувале цели пакети зејтин.