Патувате низ целиот свет, а за тоа добивате плата – иако звучи како работа од соништата, оваа понуда за работа навистина постои!
World Life Experience, организација со седиште во Лисабон е во потрага по 11 кандидати кои во текот на целата 2019 година ќе патуваат ширум светот. Во тој период, тие ќе откриваат, запознаваат и работат со голем број локални луѓе и организации.
Во целата приказна, најважен е фактот што трошоците се целосно покриени, а за патувањето ќе добивате и плата. Единственото нешто што ви е потребно е да имате слободно време за патување.
Една иста ваква понуда компанијата објави во јануари и 11-мина среќници веќе се наоѓаат некаде во светот на половина од своето патување. Тие ќе пропатуваат низ три континетни и голем број на земји.
На патувањето кое ќе започне во јануари 2019 година ќе учествуваат 11 кандидати и ќе патуваат низ пет континенти. Ќе посетат голем број на градови и ќе се задржат по 2 недели во секој град. Времето ќе го исполнат со работа, учење нови работи, но и забава. За сето тоа, тие ќе добиваат плата од 2.500 евра!
Услов за пријавување е кандидатите да немаат помалку од 21 или повеќе од 39 години. Исто така, мора да бидат одговорни, толерантни, комуникативни, проактивни, флексибилни, а пред се подготвени за тимска работа.
Избраните 11 кандидати ќе бидат од различна националност и деталите од своето патување ќе го споделат на социјалните мрежи. Англискиот мора да го познаваат, а патувањето ќе биде од средината на јануари до крајот на ноември.
Повеќе прочитајтен на следниот линк.