Како што објави Евростат, Европската Унија(ЕУ) се соочува со инфлација каква немало од 2001 година наваму.
На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлација мерена со Хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (ХИЦП) во март изнесуваше 7,8 отсто.
Во еврозоната стапката на инфлација порасна од 5,9 на 7,4 отсто, соопштија статистичарите. Во февруари енергенсите поскапеа за 32 отсто.
Минатиот месец нагло пораснаа и цените на свежата храна, за 7,8 отсто.
Белгија и Словенија имаат пониски стапки на инфлација во март отколку во февруари. Потрошувачките цени повторно пораснаа најмногу во Литванија и Естонија, за 15,6, односно 14,8 отсто. Блиску е и Чешка со стапка на инфлација од 11,9 отсто.
Многу земји во светот се соочуваат со инфлација. Во Канада има највисока инфлација од 1991 година досега.