Во паркот „Македонија“ во Благоевград, беа посадени пет дрва од видот јапонска цреша во чест на Тоше Проески. Сликите од настанот ги објави Оксана Рујаноска, која е голем обожавател на песните на Тоше. Таа е член на клубот на обожаватели на Тоше во Бугарија.
„Со парите што ги собравме од вечерта посветена на Тоше во Благоевград, купивме и засадивме јапонски цреши Сакура“, напиша таа и покрај сликите на Инстаграм објави и стих од песната „Цреша“ на Тоше: „Една цреша што ме чека…“
Оксана е голем обожавател на Тоше. На нејзиниот инстаграм-профил има многу фотографии од Крушево и слики поврзани со споменот на починатиот музичар.