На официјалната страница на луксузниот моден бренд „Гучи“ се продаваат пластични сандали кои премногу потсетуваат на оние кои во минатиот век ги продаваше „Југопластика“.
Имено, фирмата „Југопластика“ е основана во 1952 година во Сплит и истата произведуваше сандали, патики, торби, играчки, автоделови, спортска опрема...
Jugoplastika sandale mog djetinjstva vs. Jugoplastika sandale tvog djetinjstva pic.twitter.com/ggVHmxgCpj
— Koji lik (@Kresendo) May 9, 2018
Летниот одмор во поранешна Југославија не можеше да се замисли без легендарните гумени сандали на оваа компанија кои ги носеа деца, но и возрасни.
Многу корисници на социјалните мрежи ја забележале сличноста помеѓу сандалите на „Југопластика“ и сандалите на „Гучи“ кои се продаваат по цена од 400 евра. Жените можат да ги купат во розова и виолетова боја, а мажите во црна и зелена, како и проѕирна варијанта.
„Дали добиваш и чорапи или се купуваат посебно, се знае ли нешто?“, се пошегувал еден корисник на Твитер.
„Прескапа носталгија“, искоментирал друг.