Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на цените на нафтените деривати во просек за 2,29 отсто.
Во согласност со оваа одлука, која стапи во сила од ноќеска на полноќ, цените на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемија 2 и пол денари за литар, а цената на „евродизелот“ (Д-Е V) се зголеми еден денар за литар.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголеми 1 и пол денар за литар. Цената на мазутот М-1 НС, пак, се зголеми 1,226 ден./кг и сега ќе изнесува 52,825 ден./кг.
Од 27.4.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
– „евросупер БС-95“ – 84,00 ден./л
– „евросупер БС-98“ – 86,00 ден./л
– „евродизел БС“ (Д-Е V) – 85,50 ден./л
– екстра-лесно масло 1 (ЕЛ-1) – 84,00 ден./л
Од РКЕ воедно напоменуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива може да ги формираат цените и пониско од највисоките утврдени цени.
извор: denar.mk