Колку и да ја сакаме својата работа, повеќето од нас не ги сакаат понеделниците, но овој ден е особено важен за продуктивноста во текот на целата недела, а повеќето успешни луѓе имаат сличен модел на однесување токму во понеделник
Одговорните и посветени лица, особено на високи и одлучувачки позиции се свесни што ги чека на работното место по два дена викенд, па освен важноста да го подигнат духот и енергетскиот биланс, тие се придржуваат и до одредени модели што им овозможуваат врвни деловни резултати.
Се будат рано. Успешните деловни луѓе во недела навечер порано легнуваат за да можат солидно да се одморат и да го стартуваат понеделникот полни со енергија. Одложувањето на алармот никогаш не е добра опција.
Вежбаат. Вежбањето во утринските часови е најдобар начин да се поттикне циркулацијата, лачењето на ендорфинот, се подигнува расположението што е исклучително важно за почеток на напорна работна недела.
Појадуваат здраво. Позитивните нутритивни практики се важни за успешен работен ден. Поради тоа тие појадуваат здраво, знаејќи дека со прескокнување на најважниот оброк во денот го компромитираат своето добро општо здравје и физичка благосостојба.
Порано доаѓаат на работа. Успешните деловни луѓе и натаму го следат верувањето дека оној што станува рано е секогаш во добивка. Ако стигнете порано, ќе имате повеќе време за добра подготовка, решавање на останатите обврски што се провлекуваат и доволно време за важните нешта.
Секогаш се подготвени на неочекувани обврски. Иако е важно секогаш да се предвидува позитивен резултат од проектите, посветените деловни луѓе се свесни дека по два неработни дена сешто може да се случи, па тие се подготвени дека во понеделник наутро ги чека изненадување и општ неред.
Знаат дека постои и вторник. Да и тоа е важно. Во деловниот хаос лесно е да се поверува дека светот ќе пропадне ако одреден проблем не се реши уште веднаш. Но, кога ќе слегне прашината најчесто се воочува дека некои нешта навистина можеле да причекаат до вторник.
Ги одбираат најдобрите опции што ќе ја унапредат работата на целиот тим. Во овој контекст, успешните деловни луѓе секогаш се грижат да овозможат и интегрирани решенија за да можат на својот тим да му обезбедат поголема слобода и продуктивност.