Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладне како и пoпладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северозападен ветер, соопшти Управата за хидерометеоролошки работи.
Локално се можни поинтензивни процеси, особено во западните и јужните делови. Минималната температура ќе се движи од 12 до 21 степен, а дневната максимална температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 28 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, пoпладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северозападен ветер. Температурите ќе се движат од 18 до 33 степени.
Од утре, УХМР најавија значително намалување на дневната температура.
sky.mk