Во 2021 година, со такси превоз биле превезени 19 755 000 патници, од кои 18.213.000 во градскиот, а 1.542.000 во меѓуградскиот превоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Со 2.109 патнички автомобили опфатени во истражувањето за такси превозот, се изминати вкупно 68.982.000 километри, од кои 62.749.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 6.233.000 километри, соопшти ДЗС.