Животоспасувачка драма имало во скопската Зоолошка градина, каде што минатата недела вработените буквално враќале во живот едно од бебињата мајмуни, белорак гибон.
Од novamakedonija.com.mk известуваат дека: Седуммесечено гибонче, отфрлено од мајката, се давело во езерото во зоолошката. Вработените го реанимирале 40 минути за да го спасат. Сега неговата грижа е доверена на зоо-негувателката Зера Бекировска, која, кога не е на работа, мајмунчето го чува дома.
Оваа негувателка се грижеше, додека беа бебиња, и за павијанот Лука и неговото братче Дино, миленици на многу деца. Нив ги одгледаа вработените во зоолошката, откако мајката ги отфрли.
Гибонот Делфина сега напредува добро.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА: novamakedonija.com.mk