Со задоволство Ве информираме дека МАЧР својот настан за доделување на HR-награди за 2021 година ќе го одржи на 19 мај, со почеток во 20:00 часот, во предвечерјето на Меѓународниот HR ден - 20 мај.
После две доделувања на наградите на настан во онлајн формат, оваа година се враќаме во живо во Јавна Соба (Public Room). На настанот ќе бидат доделени наградите на најдобрите и тоа. Најдобриот Менаџер за човечки ресурси, најдобриот млад ентузијаст а публиката ќе ја избере најдобрата HR практика.
Од оваа година новитет е и тоа што најдобрата практика, заедно со свој претставник ќе може да се претстави и на регионалната конференција на порталот МООЈ ПОСАО во Ровињ- HR DAYS, а патувањето е овозможено од Vrabotuvanje.com, кој и годинава е главен покровител на настанот.
Воедно вработување.ком на овој настан ќе додели и признание за најпосетуван огласувач на сајтот
За сите кои се заинтересирани да бидат дел од настанот, Ве замолуваме да се регистрирате на следниов линк: https://lnkd.in/dn5qxZwD