Оваа година, победата отиде во рацете на „Калуш Оркестра“ од Украина, чија песна „Stefania“ беше избрана за најпопуларна во конкуренцијата од 40 земји-учеснички.
Она што сите го прогнозираа се оствари. Украина е победник на Евровизија 2022. Калуш оркестра со песната Стефанија им ја донесоа победата и следната година Евросонг ќе биде во Укрaина која е зафатена со војна. Второпласирана беше Велика Британија а трета Шведска.
Тие во големото финале на Евровизија 2022 година добија вкупно 631 глас од стручното жири и публиката.
Според правилата, победничката евровизиска песна е избрана од жири-комисија составена од експерти од музичката индустрија, но и од гласовите на публиката. Според гласовите на стручната жири-комисија, најмногу гласови освои Обединетото Кралство – 283. Но, по пребројувањето на гласовите на публиката, стана јасно дека Украина е овогодишниот победник на Евровизија.