Цените на пченицата продолжија да растат на меѓународните пазари откако Индија го забрани извозот на основните житни култури. Еден тон пченица утрово чини 1.177 долари. Цената на пченката благо падна на 781 долар.
Забраната за извоз на пченица од Индија доаѓа откако топлотниот бран ги погоди индиските култури на пченица, зголемувајќи ги домашните цени на рекордно високо ниво.
Барел нафта од типот Брент утрово се тргува по цена од 110 долари, додека цената на американската ВТИ е 109 долари.
Во минус се и криптовалутите. Биткоинот повторно е под 30.000 долари и утрово се тргува по цена од околу 29.600 долари. Eтереумот е во црвено, како и сите други криптовалути.