Зголемувањето на минималецот го притиска стопанството. 90-те илјади вработени кои сè уште не добиле плата за април ја прикажува реалната слика во која се наоѓа бизнис заедницата, велат од Организацијата на работодавачи.
„Факт е дека многу компании излегоа погодени од корона кризата, многу од нив имаа проблеми со напуштање на луѓе и затворање, потоа се надоврза цена на струјата и се разбира минималната плата како голем притисок врз нашите трошоци за работење" - рекоа од Организацијата на работодавачи.
Први коишто алармираа за непочитување на минималецот беа од организацијата Гласен текстилец претходниот месец. И за нив минималецот не функционира бидејќи системот на УЈП дозволува да се исплати плата за полно работно време и во износ од 2 денари.
Според податоците на УЈП, 90 илјади работници ја чекаат платата за април, а мартовска плата сè уште чекаат да земат над седум илјади работници. Дел од работодавачите се соочиле со опомени а дел со блокирани сметки бидејќи и покрај опомените, не исплатиле плати на вработените.
извор: alsat.mk