Цените на литиум-јонските батерии забележаа значителен пад во изминатата деценија, но тој тренд можеби нема да продолжи бидејќи надоаѓа голем бран на побарувачка.
Според истражувањето на компанијата E Source, цените на батериите ќе се зголемат за 22% од 2023 до 2026 година, достигнувајќи пик од 130 евра за киловат-час. Доколку овие предвидувања се покажат како точни, тоа би било значително зголемување бидејќи батериските ќелии во моментов чинат околу 121 еврапо kWh и се очекува да паднат на околу 105 евра по kWh следната година.
Иако бројките делуваат релативно мали, мора да напомене дека голем број електрични возила имаат батерии со капацитет од 60 до 100 kWh. Како резултат на тоа, зголемувањата на цените брзо се собираат и тоа значи дека ЕВ продадените во 2026 година би можеле да чинат дополнителни 1.420 евра до 2.835 евра според проценките на фирмата.
Цените на батериите се очекува да се зголемат поради различни фактори, вклучувајќи зголемена побарувачка и ограничена понуда на литиум. Ова веќе предизвика цената на литиумот вртоглаво да се зголеми за речиси 900% во изминатите година и половина, но како што забележа E Source, тие направиле лоша проценка дека „пазарите на капитал ќе ги ослободат портите за да воспостават десетици нови проекти за ископување литиум. Наместо тоа, инвестициите се најдоа во незавидна ситуација, притоа повеќето од нив потекнуваат од Кина за кинескиот синџир на снабдување“.
Иако зголемувањето на цените никогаш не е добредојдено, E Source верува дека работите на крајот ќе се подобрат. Тие очекуваат цените да почнат да паѓаат во 2027 година и да продолжат да се намалуваат до 2031 година, кога може да паднат и на 85 евра за kWh.