Регионалната веб-платформа се развива од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија како главен имплементатор во соработка со асоцијациите за е-трговија и организациите од сродните индустрии од ЦЕФТА регионот.
Споредено со земјите од Западен Балкан, Северна Македонија е после Србија и Косово, а пред Босна и Херцеговина и Црна Гора во процент на население кое купува онлајн.
Споредено со соседните земји, Косово е на прво место во Европа или 77 проценти од онлајн купувачите купуваат облека онлајн, потоа Црна Гора со 71 процент, додека под европскиот просек се Северна Македонија со 57 проценти, БиХ со 56 проценти и Србија со 52 процента.
Ова се само дел од бизнис фактите и информациите поврзани со водење бизнис со е-трговија коишто од денеска официјално се достапни на првата регионална платформа за е-трговија „Е-трговијa за сите“ – ecommerce4all.eu.
Од АЕТМ информираат дека платформата, која претставува регионално проширување на македонската иницијатива „Ecommerce4All“, од денеска ќе биде достапна и во ЦЕФТА пазарите односно во Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора и Молдавија.
- Преку оваа веб платформа очекуваме дека ќе се “отклучи” потенцијалот за раст и ширење на компаниите со е-трговија во регионот и дека значително ќе се зголеми соработката меѓу Асоцијациите, која пак ќе придонесе кон реализирање на уште повеќе иницијативи за е-трговија со регионален карактер, изјави Ангеловска.
Целиот текст може да го прочитате ТУКА: kurir.mk