Во Македонија секој работник има загарантирано право на платен годишен одмор во времетраење од 20 до 26 работни денови, во зависност од стажот. Но, проверете како стоиме споредено со остатокот од светот
Постои сигнификантна разлика помеѓу земјите во светот кога станува збор за бројот на работни денови кои им следуваат на работниците како платен годишен одмор.
Бразил
По навршена 1 година на работа, на секој работник во Бразил му следуваат 30 дена платен годишен одмор. Дополнително, работодавачот е должен да им исплати на работниците бонус за годишен одмор во висина од една третина од платата.
Шпанија
Во Шпанија, распоредот на деновите за годишен одмор се утврдува со договор помеѓу работникот и работодавачот, а нивниот број не може да биде помал од 30. Во оваа земја деновите од годишниот одмор не можат финансиски да се компензираат бидејќи тоа е забрането од Европската Комисија.
Австралија
На работниците во оваа далечна земја им следат 4 недели платен годишен одмор. За работниците кои работат во смени како што се полицајците и медицинските работници законот предвидува 5 недели платен годишен одмор.
Нов Зеланд
Граѓаните на Нов Зеланд ја имаат привилегијата да уживаат во една од најповолните политики во светот кога станува збор за платениот годишен одмор. Имено, тие имаат 4 недели платен одмор секоја година врз основа на утврдените стандарди од Министерството за бизнис, иновации и вработување.
Обединето Кралство
Во Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска вработените имаат право на 28 дена платен годишен одмор.
Данска
Со новиот закон за празници од февруари 2018, данските работници имаат право на 25 дена платен годишен одмор. Законот овозможува тие да земат одмор во истата година кога ќе се вработат.
Шведска
Законот за годишни одмори кој датира од далечната 1977 година на Швеѓаните им гарантира платен годишен одмор во времетраење од 25 дена.
Франција
Работниците во Франција се стекнуваат со право на одмор по 1 месец откако ќе бидат примени на работа, а годишно им следуваат по 5 недели.
Јужна Африка
Министерството за труд во Јужна Африка ги обврзува работниците да користат по 21 ден без прекин платен годишен одмор што значи 1 слободен ден на секои 17 работни денови, или 1 час на секои 17 работни часови.
Аргентина
Во Аргентина, работниците кои работете минимум 6 месеци кај ист работодавач имаат право на годишен одмор во износ од минимум 14 денови (за работници со работен стаж во компанијата под 5 години) до 35 денови (за работници со работен стаж во компанијата над 20 години).
Канада
Во најголемиот број провинции, вработените добиваат минимум 2 недели одмор за секоја работна година. По 6 години работен стаж, годишниот одмор на работниците се зголемува за уште една недела.
Пакистан
Во Пакистан, сите работници (освен хонорарните и привремените работници) добиваат минимум 14 дена платен годишен одмор во период од 1 година. За некои професии, како на пример рудар, годишниот одмор трае повеќе денови.
Јапонија
На Јапонците им следуваат од 10 до 20 дена платен годишен одмор, во зависност од работното искуство. Со правото на годишен одмор работниците во Јапан се стекнуваат по шестиот месец на работа.
Сингапур
Работниците во Сингапур се издвојуваат по тоа што добиваат најмалку денови платен годишен одмор. Тие можат да земат од 7 до 14 денови годишно во зависност од работниот стаж.
САД
Американското законодавство не предвидува минимален број на денови за годишен одмор бидејќи истиот го одредува работодавачот. Според последното истражување на Бирото за трудова статистика, околу 74 проценти од американските работници имаат го користат правото на платен годишен одмор.