Доколку редовно одите на море на самиот почеток на сезоната, знаете дека во јуни може да биде малку постудено. Но, не секаде.
Колку ќе биде студена водата најмногу зависи од разликата меѓу температурата на водата и воздухот – колку се поблиску, толку ќе ни биде потопл. Времето во јуни е непредвидливо, но судејќи според просечните температури од претходните години, опуштено ќе пливате на омилените летни дестинации.
Кога станува збор за Грција, точно е дека Егејското Море е нешто потопло од Јонското Море, но излегува дека разликата е во просек од еден до два степени.
Најбитно е дека треба да барате места во заливите, наместо на отворено море и дека треба да очекувате малку постудена вода на островите.
Во моментов, најтоплото море околу Крф е 22 степени, на температура на воздухот од 24 степени, додека на Крит, на пример, морето е под 20 степени, на температура на воздухот од 27. Просечната температура на морето во јуни во Грција е околу 23 степени, а покрај како летувалишта со најтопло море во последните години се споменуваат Паралија, Тасос, Сарти, Парга…
Грција во јуни е атрактивна опција за многумина бидејќи нема исцрпувачки горештини, а може да се најдат аранжмани кои се неспоредливо поповолни од оние во екот на сезоната.