Свесни сме колку светот се менува благодарение на технологијата, а детството на денешните деца наголемо се разликува од детството кое го имаа децата во 80-те и 90-те години на минатиот век.
Еден татко на 8-годишно дете снимил видео кое го објавил на ТикТок, во кое покажува како изгледало неговото детство.
На снимката која има над 10 милиони прегледи, таткото покажал некои работи и ситуации кои денешните деца немаат прилика да ги видат, ни користат, а ниту ни да ги доживеат.
@shadyraro The 80’s was the best decade #80s #80skid #oldschool #genx #parents #funny #family #foryou #fyp ♬ original sound - ilovethe80s
Видеото кај многумина пробуди носталгија.
„Ми недостасуваат тие денови, технологијата однесе многу нешта“, „80-те години не можат да се објаснат. Тоа беше искуство, една силна вибрација сама по себе. И ако сте го пропуштиле тоа, многу ми е жал“, „Му го покажав видеото на мојот син, а тој ми рече: Значи тогаш си бил многу сиромашен“, гласат дел од коментарите под видеото.
Со оглед на успехот на оваа снимка, таткото им ветил на своите следбеници дека ќе направи и втор дел во кој ќе покаже повеќе нешта од детството на кои многумина со задоволство се сеќавааат.