Од денеска, за влез во Турција повеќе не е потребен негативен ПЦР или брз тест за корона вирусот на сите гранични премини, пишува весникот Хуриет.
Министерството за внатрешни работи на Турција испрати циркуларно писмо до гувернерите на 81 провинција во таа земја во кое ги информира за укинување на обврската да имаат негативни ПЦР резултати или брз тест за коронавирус за влез во земјата преку сите гранични премини – воздушен, копнен, железнички и поморски, јави Интерфакс.
Претходно, туристите без потврда за вакцинација или потврда за Ковид-19 за влез во Турција мораа да поднесат негативен ПЦР тест направен најмалку 72 часа пред влезот или тест за антиген не постар од 48 часа.
Турција го укина и задолжителното носење маски на 30 мај, а тоа правило остана на сила само во медицинските установи.