Улогата на одделот за човечки ресурси е да ја поддржи компанијата во исполнувањето на нејзините главни цели и тоа го прави преку нејзиниот највреден ресурс – ЛУЃЕТО
Талентираните тимови создаваат успешни компании. Сепак, талентираните поединци обично не тропаат сами на врата - ние мораме да најдеме начин да ги привлечеме.
- Во „Дамила“ не се држиме до принципот „еден пристап за сите“. Ние ги приспособуваме интервјуата кон секое лице и со тоа го правиме процесот на регрутирање попријателски, создавајќи амбиент во кој секој потенцијален кандидат ќе се чувствува поудобно и попријатно. Сакаме подобро да ги запознаеме луѓето и освен што навлегуваме во нивните професионални квалификации и искуства, исто така се стремиме да ја разбереме нивната личност. Постојано го приспособуваме пристапот за да го препознаеме потенцијалот на секој кандидат и да создадеме можности за него - вели Катерина Сетинова, Chief of Talent Acquisition во „Дамила“.
Максимално сме посветени на развојот на оваа извонредна компанија со исклучителни тимови, преку наоѓање, ангажирање и задржување на најдобрите таленти во ИТ индустријата. Една од главните цели на „Дамила“ е да разбереме какви личности најдобро ќе се вклопат културата на компанијата и да ги привлечеме и вработиме тие луѓе со користење на сите расположливи ресурси. Со оглед на конкурентниот пазар на труд во Македонија, наоѓањето и привлекувањето на вистинските луѓе е предизвикувачка мисија. Внимателно ги избираме кандидатите на кои им пристапуваме и, откако ќе го сториме тоа, им нудиме работни предизвици, можности за развој на кариерата, позитивна работна средина, континуирана поддршка и одличен тимски дух.
Луѓето во „Дамила“се поттикнати и поддржани од сите колеги и соработници, особено од поискусните колеги на сениорски позиции. Компанијата ги става на располагање сите потребни услови и алатки за личен и професионален раст и развој. Нашата компанија е фокусирана не само на наоѓање и ангажирање врвни таленти на пазарот, туку и на нивно развивање и задржување преку обезбедување динамична и возбудлива работна средина. Ние инвестираме во врвни таленти, нудејќи им различни можности за учење, кои вклучуваат програми за развој на кариера, преку кои тие можат целосно да го реализираат својот потенцијал.
Постојано ги приспособуваме нашите долгорочни стратегии и ги подобруваме капацитетите на компанијата за да ги ангажираме најдобрите луѓе на пазарот. Овие стратегии вклучуваат континуирано негување таленти преку инвестиции за развој на луѓето, награди за вработените и програми за препознавање на нивниот потенцијал и успех. Ова обично се прави преку employer branding - активности, почитување на вработените, нудење бенефиции за нивна благосостојба, приватно здравствено осигурување, поттикнување спортски активности, платена годишна обука за нашите вработени, како и можност за работа од далечина или во нашите модерни канцеларии во срцето на главниот град, додека истовремено им е обезбеден пристап до најдобрите ресурси и најновите технологии.
Компанијата постојано се развива. Во моментот сме најбрзорастечката ИТ компанија во земјата. Затоа ги охрабруваме сите ИТ професионалци да не контактираат, дури и ако на прв поглед им се чини дека немаме отворена позиција која би можела да одговара на нивните квалификации. Регрутирањето е континуиран процес во кој создаваме база на потенцијални вработени кои може подоцна да се искомуницираат во првиот момент кога ќе се појави можност.
Нашите идни планови предвидуваат активно учество на саеми за вработување, маркетинг-активности, како и чести онлајн и офлајн средби за развој на кариерата. Сите овие активности ќе бидат навремено комуницирани преку сите наши профили на социјалните мрежи. Ние постојано информираме за отворените работни места, специфичностите за индустријата во која дејствуваме, активностите на нашите партнери како и за важноста и големината на проектите на кои работиме.
Не двоумете се, контактирајте не! Испратете ни го вашето CV на career@damilah.com, бидете дел од нашата база на таленти и станете наш потенцијален колега.