Нови работни можности на македонскиот пазар кои не бараат претходно работно исксутво!
Успешен кариеран старт за сите студенти кои поседуваат одлично познавање на германски и англиски јазик со добри комуникациски способности. Започнете ја вашата кариера во Мајорел Македонија, интернационална компанија со свои канцеларии во Скопје, од каде креира корисничко искуство во име на најпочитуваните светски брендови. Во своето портфолио има повеќе од 400 бизнис клиенти глобално, во повеќе од 35 држави со над 69 000 вработени на глобално ниво.
Мајорел веќе го креираше својот тим и продолжува да го зголемува истиот. Го гради тимот во Скопје каде ќе бидат креирани до 200 работни позиции до крајот на оваа година. Вработувањата се од областа на корисничко искуство за чии позиции потребни се само јазични вештини. На своите вработени покрај компетитивната почетна плата од 750 евра за entry level позициите како Специјалист за корисничка поддршка, следуваат и други бенефиции како што се бонус за добредојде, бонус за постигнати резултати, бонус за препорака и низа други. Дел од нив може да ги погледнете овде. Исто така, вработените може да изберат помеѓу вработување со полно и скратено работно време по завршување на обуката од три недели која мора да се посетува во полно работно време.
Мајорел како центар за корисничка поддршка во фокусот го има корисничкотот искуство, но не само за своите клиенти туку и за најважниот ресус-своите вработени. Мајорел се грижи за своите вработени во секој аспект. Посветува големо внимание и ангажираност за личниот и професионален раст и развој на вработените. Негува уникатна компаниска култура каде што вработените се чувствуваат згрижени, поддржани, слушнати и ангажирани во компанијата уште од првиот ден. Грижата за своите вработени е изразена и преку “Feel Good“ програмата за добросостојба преку која вработените уживаат бројни бенефиции од различни области на спортот, рекреацијата, креативноста и сл.
Доколку сето ова ви звучи интересно, слободно можете да ги посетите нивните канцеларии и да се запознаете со тимот на Мајорел. Мајорел има отврени врати за секој кој што сака да го запознае животот во Мајорел и на некоклу часа да го искуси преку социјалните настани кои ги организира секој петок за своите вработени и за сите заинтересирани.
Доколку сакате да го запознаете Мајорел одблиску, можете да им се придружите на Afterwork Fridays дружењата секој петок од 15:00-17:00ч, во нивните канцеларии. Деталите за настанот погледнете ги овде.
Доколку сакате да станете дел од нивниот тим како “Специјалист за корисничка поддршка“, аплицирајте на следниов линк.