Новите промени на цените освен поскапувања донесоа и помали пакувања.Но, ретко кој забележува дека се почесто покрај се повисоките цени производите имаат и се помали пакувања – зејтинот повеќе не е еден литар, туку 750 до 900 милилитри, шеќерот и брашното се продаваат во амбалажа од по 900 грама, а чоколадите најчесто тежат 75 до 90 грама.- Алазира Алфа ТВ
Производите стануваат се помали, а цените се се повисоки. Килограмот одамна не е килограм, а литарот не е литар. Дека тоа е така доволно е да се направи една обиколка низ маркетите и може да се види дека речиси сите производи сега се спакувани во помала амбалажа.
Кило леб одамна е под 600 грама. Чоколадата од 100 е падната под 80 грама, зејтинот е под 900 милилитри, солта, шеќерот и брашното наместо кило се под 900 грама, шпагетите и макароните, наместо 500, најчесто се 350 до 400 грама. Паштетите „ослабеа“ и до 15 грама.
И бурекот и сендвичите во речиси сите продажни места се потенки и посиромашни, а ваква состојба има и во порциите во рестораните и кафеаните.
Паралелно, платите ја губат битката со цените. Инфлацијата веќе го изеде покачувањето на минималецот. Од 18.000 денари, околу 2.000 заминале во воздух. Кај просечната плата пак која е нешто над 30.000, загубите се над 3.000 денари.
Минимална плата Инфлација Реална вредност
18.000 денари – 1.943 денари 16. 057 денари
Просечна плата
31.080 денари – 3.355 денари 27.725 денари
Во мај, минималната потрошувачка кошничка достигнала 38.800 денари. Тоа е огромно зголемување од 3 илјади денари за 3 месеци или дури 4.600 денари за една година. Пресметките покажуваат дека ниту со една просечна плата, ниту со две минимални примања не можат да се задоволат најосновните егзистенцијални потреби на едно просечно четиричлено домаќинство.
Целиот текст е на АЛФА и новинарот Борис Грујоски