Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска после пладне ќе ги соопшти новите цени на горивата, за кои граѓаните се надеваат дека ќе бидат пониски со оглед на падот на цената на нафтата на глобално ниво.
Цените на нафтата на светските берзи драстично паднаа минатата недела, по неколкунеделен раст, бидејќи трговците стравуваат дека зголемувањето на каматните стапки на централната банка ќе го забави растот на светската економија, а со тоа и побарувачката на нафта.
Изминатиот петок РКЕ одлучи цената на дизелот да се зголеми за два денари. Цените да останатите нафтени деривати останаа непроменети.
Ова се актуелните цени на горивата:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 111,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 113,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 109,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 105,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 56,317 (денари/килограм).