Билјана Накова Стојкова е Првата жена машинист во DS Smith. Таа четири години е дел од DS Smith, својата кариера ја почнала како Оператор на машина, а благодарение на својата посветеност, труд и желба за учење брзо напредувала на нова позиција. За тоа како е да се биде жена која работи „машка позиција“, поразговаравме со Билјана:
Кажете ни нешто повеќе за вашите почетоци во DS Smith. На која позиција почнавте да работите и како изгледаше вашиот кариерен пат до позицијата Машинист, на која што сте денес?
Моето работно искуство во компанијата DS Smith започна пред неполни 4 години. Моите почетоци беа како Оператор на машина, но инспирирана од предизвиците за напредување и успех, вредно работев, се трудев и учев и успеав да дојдам до тука. Отидов еден чекор напред во развојот на мојата кариера.
Како е да се биде жена вработена на „машка позиција“?
Како што реков од производствен работник, станав првата жена машинист во нашата компанија, на поприлично “машка” работна позиција, со што се рушат сите табуа дека жената не може да работи машки работи.
И покрај тоа што работата е тешка и напорна за една жена, се трудам да работам “рамо до рамо” со колегите и да се докажувам, да не попуштам пред предизвиците и тешкотиите кои доаѓаат со позицијата.
Јас со гордост ја работам оваа позиција. Од интерес ми е моето знаење, искуство и стручност да ги споделам со новите, млади колеги, да создавам услови за работа и атмосфера на почит, каде секој кон секого се однесува учтиво, со прифаќање и пријателски однос.
Она што сакам да го кажам за себе е дека исто така сум член и во Health and safety комитетот - каде интензивно се реализира процесот за безбедност при работа. Активно се залагам за безбедноста на работното место, кое за компанијата е на прво место за нејзините вработени. Ги поддржувам, следам и ги почитувам правилата за безбедно работење и се трудам да ги пренесам на сите кои работат во мојата околина.
Во месец Јуни во DS Smith се одржа настан поврзан со здравје и безбедност при работа, Мојата посветеност на безбедност и здравје при работа, каде јас како H&S Амбасадор земав активна улога во истиот, и мојата задача не завршува тука, моето знаење за безбедноста и здравјето при работа ќе го пренесувам во континуитет на своите колеги.
Можам да кажам дека многу се залагам и ја подржувам кампањата за Vision Zero и постигнување на нашата цел од 0 LTA во текот на годината и задржување на тој број на LTA во текот на повеќе години. Тоа е голем успех за секој од нас, да се внимава пред се за својата безбедност и безбедноста на сите останати околу нас.
Безбедноста на прво место! Морам да кажам дека компанијата навистина обрнува големо внимание во овој важен дел и дена навистина се работи на подобрување на условите за безбедност и здравје при работа.
Накратко – чест и задоволство ми е што сум дел од тимот на DS Smith. Компанија во која владее позитивна енергија, одлична соработка со колегите и несебично споделување на знаењата на секој што сака да напредува во својата кариера.
На крајот ја прашавме Билјана зошто е добро да се биде дел од ДС Смит?
Нашата компанија е место каде има пријатна атмосфера за работа, каде тимскиот дух и заедничката работа е на прво место. Место каде што секој еден од нас и неговите капацитет и можности можат да бидат препознаени, и постои можност да напредува согласно неговите можности и афинитети. Место каде секој може да се чувствува сигурен и безбеден во својата работна околина. Во DS Smith во фокусот е вработениот, грижата за вработените навистина може да се препознае, секогаш има можност да се ислуша вработениот, да му се помогне, да се пофали и секако да се препознае потенцијалот на вработените – која е една од стратегиски цели на компанијата.
Заинтересирани сте за работа во DS Smith?
Во моментов DS Smith има потреба од Работник на машина за производство на картон, Машински техничар во котлара, Инженер за одржување и Машински техничар - АПЛИЦИРАЈТЕ!