Дали сте знаеле дека и растенијата можат да го изладат вашиот дом?
Овој евтин и еколошки прифатлив начин на ладење на затворените простории, неодамна го потврди и NASA во студијата „Earth Science“. Познато е дека растенијата можат да ја променат температурата на земјината атмосфера низ процесот на фотосинтеза.
1. Фикус Бенјамин
Фикус Бенјамин потекнува од Азија, а токму ова растение може да ни помогне да го пребродиме топлотниот бран. Едно од ретките растенија чие стебло расте во затворена просторија и е одлично за одржување на просторијата ладна и влажна.
Ова растение одлично ќе ја излади просторијата во која се наоѓате, особено доколку покрај фикусот има и други растенија.
2. Алое Вера
Како што споменавме, во процесот на транспирација од некои од растенијата испарува вода и на тој начин истите ја ладат просторијата во која се наоѓаме.
Знаеме дека алое верата е одлична за изгореници, поради тоа што содржи голем дел на вода, па е една од најдобрите опции за природно ладење на домот.
3. Фикус
Уште еден фикус којшто ќе ви помогне да ја изладите просторијата. Ова прекрасно растение го красат големи листови кои доаѓаат во разни нијанси на зелена и шарена боја. Колку што растението има повеќе листови, толку подобро ќе ја излади просторијата.
Ова растение ќе ја впива водата преку коренот, а потоа ќе ја испушти влагата низ порите кои се наоѓаат на долната страна од листовите.
4. Палма на среќата
Палмите растат во тропските краеви и автоматски нè потсетуваат на летото. Освен летниот амбиент којшто го создава, во останатиот дел од светот истите се одгледуваат како украси, но сепак палмата може да ни помогне да го изладиме просторот во којшто се наоѓаме.
Листовите на палмата впиваат јаглерод диоксид, а испуштаат кислород, колку што површината на листовите е поголем, толку повеќе кислород ослободува.
5. Свекрвин јазик
Ова растение е познато како билка која го чисти воздухот од разни токсини. Како и алое верата, има голем дел вода во себе, па така испушта многу влага во воздухот. Освен влага, тоа испушта и голема количина на кислород, па ќе ви овозможи да спиете поубаво за време на летните жештини.