Жељко Обрадовиќ и Лепа Брена - две имиња кои ги отвораат вратите на секоја продавница во Турција, а гарантираат попуст при пазарење. Меѓутоа, само во една продавница во стариот дел на Кушадаси србите ретко имаат потреба да се пазарат, бидејќи продавницата ја води србин.
Кушадаси, еден од најголемите туристички центри во оваа земја нема проблем со српските туристи затоа што ја има “Лепа Брена” – за многумина единственото препознатливо име од Балканот.
Во тоа прекрано место каде се мешаат звуците на ориентот и шарените дуќани , со насмевка на лицето ќе ве пречека Лука Ајдовиќ. Тој ќе ја раскаже својата приказна со чајот од калинка.
„Јас сум трета генерација во Турција. Дедо ми дојде од Тузла во 1955 година, а баба ми е од Добановци кај Белград. Живееле на Алтина во Земун. По Втората светска војна владеела голема сиромаштија, па решиле да си ја пробаат среќата во Турција. Тие пристигнале тука благодарение на нивни пријател од Истанбул. „Дедо набрзо доби понуда за работа во Измир, каде по неколку години си купи сопствено земјиште за одгледување памук“, вели Лука.
Лука има пет браќа. Сите имаат продавници со турски слатки ширум земјава, кои според податоците на Светската туристичка организација годишно ја посетуваат околу четириесет милиони туристи. Овој трговец се жали дека во последната година горивата во Турција поскапела пет пати, што се одразило и на другите прехранбени производи.
„Минатата година во октомври на крајот на сезоната килограм шеќер чинеше седум лири, а сега е 22 лири. Тоа е три пати повеќе и цената на мојата роба поскапе за исто толку, а дури 80 отсто од моите производи содржат шеќер. Туристите не го забележуваат толку поскапувањето бидејќи за нив едно евро годинава е исто како лани. Но, тоа го чувствува и локалното население, а инфлацијата особено се чувствува во јужниот дел на Турција“, наведува Ајдовиќ и додава дека неговата стока пристигнува од Измир.
Почесното место во неговата продавница го зазема „султановиот чај“, веднаш до него се незаменливите баклави со ф'стаци и локум со нутела.
Традиционално најбаран е локумот со калинка и чаевите. Малку е познато дека Турците не пијат кафе туку само чај. На пример, се бара сумак - специфичен турски зачин кој се одгледува само на границата со Сирија, вели овој трговец, додавајќи дека ценкањето во Турција е неизбежно.
„Тоа е старо правило овде. Туристите слушнале дека во Турција има пазарења, па се обидуваат дополнително да ја намалат цената. Штом турист ќе влезе во нашата продавница, можеме да процениме каков муштерија е и колку е спремен да потроши. Иако, со мене се ценка помалку, затоа што имам посебна цена за речиси секоја земја. Се трудам да заработам најмалку од Србите, а цените се високи за гостите на крстарењата, Англичаните и Ирците, кои се најчести туристи и оставаат најмногу пари“, објаснува Лука.
Зимно време прави маслиново масло, бидејќи неговото семејство има повеќе од две и пол илјади маслинки. Беше предизвик, вели тој, да се преживее короната.
„Овде во Кушадаси 90 отсто од луѓето живеат од туризам. Последните три години беше тешко, но годинава туризмот повторно заживува бидејќи бродовите за крстарење полека се враќаат. Не е толку колку што очекувавме, но ќе биде подобро“, заклучува со насмевка Лука.
Редовно ја посетува Србија, каде има многу пријатели и роднини. Планира да отвори продавница со турски слатки во Белград. Сепак, тој се надева дека наскоро ќе успее да ги обедини србите и турците, а локумот и баклавата се вистинскиот начин за тоа, вели Лука.
Често, со многу љубов и емоции се навраќа на спомените во Србија, а туристите кои доаѓаат од таму само го навраѓаат на убавите спомени.