Дали цените на горивата ќе ги поскапат и цените на такси услугите во Скопје, ќе одлучат советниците на Град Скопје.
Веста за поскапувањето донекаде беше очекувана, но сепак граѓаните реагираат со негодување.
-Не е само до цената, туку и до услугата е, коментираат тие алудирајќи на дивите таксисти чиј број и не е така мал во Скопје.
-Од Автобуска станица до Универзална таксистот ми побара 850 денари, а чини 200 денари. Од Автобуска до градска болница ти бара 500 денари, вели револтирана граѓанка која своето искуство го сподели на социјалните мрежи.
Вели дека веројатно „налетала“ на некој од дивите таксисити кои како што вели таа, како хиени чекаат пред Автобуската станица во Скопје.
Друг граѓанин исто така се жали на оваа ситуација со со дивите таксисти.
-Не само цени, контролира ли некој во каква состојба се такси возилата, стари возила и валкани, некултурни таксисти, исти називи на такси компаниите со што ги доведуваат во заблуда патниците, преполно е диви таксисти пред болниците и меѓуградските автобуски станици и железничката станица, не секој се вози со такси од бес туку затоа што мора, вели таа.
Таксито во Скопје е поскапо од „Виз Аир“ билетитие, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи, алудирајќи дека во неопходни ситуации потребен е такси превоз, но по пристојна цена.
Таксистите пак, од своја страна се жалат на високата цена на бензинот. Но, не е само тој трошок во овој сектор, велат тие додавајќи дека нивната работа е таква што денот го минуваат и на +40 степени чеќајки патници.