Извршниот директор на Alphabet, Сундар Пичаи, најави дека планира да го забави вработувањето до крајот на годината поради потенцијална економска рецесија.
Во е-поштата што ја испрати до сите вработени, Пичаи посочи дека „компанијата ќе се фокусира на ангажирање инженерски, технички и други критични улоги“ во текот на 2022 и 2023 година, според Блумберг.
„Мораме да работиме со поголема итност, поостар фокус и повеќе глад“, нагласи Пичаи.
Историски гледано, Google и нејзината матична компанија Alphabet останаа релативно имуни на минатите економски забавувања во технолошкиот сектор.
ИТ гигантот го паузираше вработувањето во еден момент по финансиската криза пред повеќе од десет години, но оттогаш вработува нова работна сила во бранови, пред се во рекламните бизнис операции, но и во производството на паметни телефони, самоуправувачки автомобили и гаџети за носење.
Alphabet заклучно со 31 март вработуваше околу 164.000 луѓе.