Од денес во Охрид, на Кеј Македонија, започнуваат да функционираат хуманитарни паркинзи.
Граѓаните преку плаќање за паркинг всушност ќе донираат во хуманитарни цели. Средствата кои ќе бидат собрани од наплатата на паркинг ќе се донираат онаму каде што тоа ќе биде најпотребно.
За почеток се предвидени две паркинг места, а во иднина нашата цел е проширување на повеќе локации низ градот. Охрид е правата општина во Македонија која воведува хуманитарни паркинг места.
извор: radiomof.mk