Станува збор за младенче јагуар кое е родено во аргентинска зоолошка градина, а минатата година било пуштено во дивина.
Првите диви јагуари се родени по 70 години во аргентинскиот национален парк Ибера, како дел од проектот „враќање на јагурите во нивното природно живеалиште“, објавија аргентинските медиуми.
Имено, скриените камери, кои биле поставени во зоната на националниот парк со цел да ги следат животните, покажале нови младенчиња јагуар.